Берлин: Политичар на демохристијанската унија осомничен за педофилија

Висок политичар од хесенската подружница на Христијанско-демократската унија Кристијан Вернет е осомничен за педофилија и против него државното обвинителство ќе покрене истражна постапка. Се наведува дека осомничениот 43 годишниот Вернет се товари за поседување на фотографии со детска порнографија, од кои некои биле инсталирани и на неговиот партиски комјутер. Медиумите јавуваат дека полицијата го пребарила неговиот стан и канцеларија и го запленила компјутерот и десетина цедиња. Вернет за кого медиумите пишуваат дека е неоженет, му се заканува казна затвор и до пет години. 

Тој не е прв германски политичар осомничен за поседување на педофилски фотографии или педофилија. Неодамна Државното обвинителство покрена обвинение против шефот на бирото на партијата на Зелените Том Коенигс поради сомнеж за педофилија од 2007 до 2010 година. Случаите биле поврзани со деца на возраст од шест до 12 години. 

29.10.2013 - 16:36