ФОТО: Овој човек е најгрдиот маж на светот

Минатогодишниот победник на натпреварот за најгрд маж во Зимбабве - „Господин Грд Хараре“ („Мr. Ugly Harare“), Вилијам Масвинху и оваа година го освои првото место на ова контроверзно натпреварување.

Натпреварот, кој првпат се оддржа во 2011 година, во почетокот наиде на жестоки негативни критики, но сега, деве години подоцна, стана популарна манифестација, и тоа не само во Африка, туку и во остатокот од светот.

Победниот на изборот, покрај паричната награда, доби и школарина за едно од своите деца, а неговата сопурга е пресреќна.

Второпласираниот на изборот Бени Чакањука освои 100 долари, а третопласираниот Фани Мсекива 50 долари.

Масвинху признава дека не се подготвувал за овогодишниот избор „нешто посебно“. - Приридоно не сум убав. Додуша, подготвив мал настап, но ништо посебно, нагласи Масвинху

29.10.2013 - 16:19