Нови Сад: Од шуга заболеле 19 студенти

Чешањето меѓу прстите, околу зглобот на раката, под мишките и по препоните се само некои од знаците на шуга од која заболеле 19 студенти на Универзитетот во Нови САД. Во заводот за здраствена заштита велат дека ваквата бројка во наредниот период ќе порасне и се очекува истата да достигне и до 50 заболени. 

„Минатата година ги имало вкупно 55, но до овој период биле повеќе заболени од тогаш. Во наредните неколку дена очекуваме ваквата бројка да порасне“, вели Лидија Туро, епидемиолог во Заводот за здраствена заштита на студентите. 

Таа напоменува дека оваа паразитарна болест се пренесува директрно во контакт со кожата на заболените, сексуален однос или индиректно по пат на исекотини или повреди. инкубацијата трае од две до шест недели, од контактот со паразиот до појавата на првите симптоми. 

„Лицата кои имаат шуга обично прво чувствуваат потреба за чешање меѓу прстите и по зглобовите. Обично ваквата појава се јавува кога е топло и по туширањето. Шугата обично се јавува симетрични во срвенкасти ситни чворови кои изгледаат како бубулици На главата и на лицето нема промена на кожата затоа што паразитите не одговараат на потните жлезди кои се наоѓаат на тоа место“, објаснува Туро.

 

 

29.10.2013 - 15:48

најчитано сега