ВИДЕО: Пекол во „градот на анѓелите“ - експлодираше цистерна со 30 тони нафта

Камион цистерна полн со 30 тони нафта експлодира на автопатот во близина на Лос Анџелес. Како што пренесуваат тамошните медиуми, камионот удрил во заштитната ограда и се превртел. Потоа излетал од патот и експлодирал при што се вивнал огромен чад во воздухот. Големата количина на сурова нафта која ја пренесувала цистерната се разлеала низ околината, при што се запалиле и два паркирани камиони. Возачот на камионот успеал да се извлече но се здобил со птешки изгореници и се наоѓа во критична состојба. Уште едно лице е повредено, а полицијата поради експлозијата морала да го затвори авто-патот што довело до голем застој во сообраќајот. 

Поради ширењето на пожарот морале да бидат евакуирани и станарите од соседните згради. 

 

 

29.10.2013 - 15:34

најчитано сега