Македонските лекари едно зборуваат друго прават- 30% од нив пушат цигари

Дури 30 проценти од лекарите се пушачи. Ова го покажало истражувањето на Центарот за социјална медицина.

„Пушењето е повеќе застапено помеѓу машката популација лекари. Најголемиот број од лекарите одговориле дека започнале да пушат на свои 20 години, а во просек пушат по 17 цигари дневно, што е речиси една кутија цигари на ден. Само 30 отсто од лекарите кои се декларирале за пушачи во истражувањето изјавиле дека пробале да се одвикнат од цигарите, додека мнозинството од лекарите-пушачи на цигари воопшто не пробале да се одвикнат. Повеќе од 30 отсто од испитаните лекари изјавиле дека некој пушел цигари на нивното работно место. Овој податок е загрижувачки од гледна точка дека не се почитува законот за забрана на пушењето ниту во здравствените установи, што ги одобрува предлог мерките за проширување на надлежностите во контрола на спроведувањето на законските мерки“, се вели во информацијата од Центарот за социјална медицина. 

Истражување за пушењето кај лекарите е спроведено по електронски пат и во него учествувале лекари кои работат во јавното здравство, како и во приватните болници.

 
29.10.2013 - 15:09

најчитано сега