Скопјанката „Генерал Мими“ ќе одлежи 4 години затвор

Скопјанката Мирјана Џамбазова позната по прекарот „Генерал Мими“ е осудена на 4 години затвор за измама, јави Канал5. 

Судот ја прогласи за виновна за измама на 5мина граѓани кои ги довела воз аблуда дека ќе им најде работа претставувајќи им се како координатор за логистика воената база Бондстил во Косово. За лажната услуга им наплаќала од 100 до 2 ипол илјади евра.

Судењето заврши во неколку рочишта а Џамбазова ја призна вината пред судот. Потврди дека луѓето ги довела во заблуда но тоа го оправда со здравствените проблеми и лекувањето на Клиниката за психијатрија од пред 5 години.

 

 

29.10.2013 - 14:54

најчитано сега