Дачиќ: Доста со новите услови за Србија

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ ги повика земјите членки на ЕУ да престанат да поставуваат нови услови во врска со спорните прашања со Косово во моментот кога Србија ќе треба официјално да ги отвори преговорите за членство во Унијата. „Не бараме никакви привилегии. Една работа која ја бараме е да не се поставуваат нови услови. Постојано се соочуваме со проблемите на поместување на целите. Никогаш не знаеме каде е линијата која означува крај на трката“, изјави Дачиќ обвинувајќи некои од државите членки дека поставуваат нови услови. 

 

29.10.2013 - 14:42

најчитано сега