ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на власт ништо не изгради, а ја задолжи Македонија за нова милијарда евра

Соочени со катастрофалната состојба во државата СДСМ се обидуваат со манипулации да ја залажуваат јавноста. Ништо од досега ветените проекти немаат реализирано. Ветуваа  600 километри нови автопати, 550 километри магистрални и 1000 километри локални патишта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во реакцијата наведуваат дека ништо од ова не реализираа. И тие проекти кои беа отпочнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги завршија.

„Не е изграден ниту автопатот од Кичево до Охрид, ниту магистралниот пат до Прилеп, ниту железницата кон Бугарија. Реализацијата на капиталните инвестиции им е рекордно ниска и никој во државата, освен мафијата на власт не знае кај завршија парите. 

За само три месеци ја задолжија државата за нова милијарда евра  долг и освен за предизборен поткуп, ништо друго не направија.

 

А кога не поткупуваат граѓани со ваучери, тогаш парите ги трошат набавки на шкампи, кондоми, поддршка на одредени фризери или обуки на магариња“ велат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2020 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега