СДСМ распали по Јакимовски: Со кого Стевчо шета по Дубаи?

Повеќе од јасно е дека Општина Карпош има сериозни финансиски проблеми.

Општината не само што не може да ги реализира покрупните општински проекти, како што е на пример изградбата на општинската зграда, туку има потешкотии да ги сервисира и своите обврски кон членовите на избирачките одбори.

 

Иако локалните избори завршија пред 7 месеци, околу 640 граѓани, кои чесно и совесно ја завршија својата обврска во изборниот процес, се уште ги немаат добиено паричните надоместоци од општина Карпош 

На 31.05.2013 година, Советот на општина Карпош донесе одлука за висината и за исплатата на надоместокот за членовите на избирачките одбори, а за извршување на оваа обврска го задолжи градоначалникот Јакимовски.

И по цели 5 месеци, градоначалникот не е во можност да ја изврши својата обврска!

Со оваа постапка, Јакимовски на најсрамен начин го девалвира Советот на општината, непочитувајќи ја неговата одлука и притоа ги потценува жителите на Карпош.

Додека Стевчо Јакимовски престојува во Дубаи, граѓаните очекуваат одговори на следните прашања:

За што се потрошени 3-те милиони евра од продажбата на училиштето “Братство” и зошто се уште не е завршена општинската зграда?

Градоначалникот Јакимовски е должен да одговори: Во какво својство е неговата посета во Дубаи, придружуван од Владимир Тодоровиќ?

 

 

Дали престојува во својство на турист или е во службена посета?

(Интегрален текст од прес конференција на ОО СДСМ Карпош)

29.10.2013 - 13:42

најчитано сега