Утврдена детска парализа во Сирија

Кај десет од вкупно 22 лица е утврдено дека имаат парализа позната и како Полиоиелит во Сирија. Ова денеска го изјави портпаролот на Светската здраствена организација Оливер Розенбауер во Женева. 

- Откриен е полиомиелит од прв тип, а се очекуваат резултатите од анализите на другите 12 деца, нагласи Розенбауер.

Тој истакна дека стравува истата да не се прошири и околу регионот. 

Полиомиелит е акутно инфективно заболување, предизвикано од полио вирусот. Се манифестира со сериозен менингитис, флакцидни парализи и атрофирање на мускулите.

Болеста се јавува ендемско-епидемиски и најчесто заболуваат децата. Болниот ги исфрла вирусите преку слузот и фекалиите и претставува извор на зараза. Главниот пат на пренесување на болеста е факално-орален.

29.10.2013 - 13:21

најчитано сега