Видео: Го претепува ѕверски затоа што разговарал со жена му

Борците за заштита на човековите права згорчени од видео снимката од Саудиска Арабија на која јасно може да се види како еден Саудиец со каиш ѕверски го претепува работникот од Азија, наводно затоа што разговарал со неговата сопруга. На снимката се гледа работникот со отечено око како седи наспроти Саудиецот кој неколку пати го мава по глава. Потоа почнува со каиш да го камшикува, кој не можејќи да ја издржи болката паѓа на земја врискајќи од болка. Мачењето продолжува со мавање и шутирање по главата. Организацијата за човекови права од Саудиска Арабија го истражува случајот, но засега нема детали за тоа каде инцидентот се случил и кои се луѓето на снимката.  

29.10.2013 - 13:19

најчитано сега