Утврден идентитетот на мажот кој почина на протестот пред фабриката Баргала во Штип

Штипјанецот С.С. утрово починал на протестот пред фабриката Баргала во Штип. Информацијата кој утровоја објави Press24 доби и официјална потврда од полицијата. Според инфромациите, на С.С. му се слошило по што итно бил префрлен во болница, но кога пристигнал таму, веќе бил починат па лекарите констатирале смрт.
Според информациите, на уште неколку лица им се влошила здравствената состојба на денешниот протест пред штипската фабрика, но по лекарската интервенција, тие се чувствуваат добро.
Вработените во Баргала Штип протестираат поради нередовно исплаќање на платите.

29.10.2013 - 12:30

најчитано сега