Форд Фокус остана најпродавано возило и во првата половина на 2013

Најпродаваното возило во светот за 2012 година – Ford Focus, ја задржа титулата за првата половина на 2013 година.

Дополнително, според анализите на податоците за регистрација на возила на Ford,  Ford Fiesta се рангира како четврто најпродавано возило – со што Ford е единствениот бренд кој има две плакети меѓу топ пет светски најпродавани автомобили.

Ford Focus има пораст за 20% во првата половина на 2013 година во споредба со истиот период минатата година. Во 2013 година се регистрирани 589,709  возила, најмногу од зголемената побарувачка се потрошувачите во Кина и други Азиски земји.

29.10.2013 - 12:27

најчитано сега