Бан Ки-мун: За мирот и стабилноста во Косово вежен е успехот на изборите

За мирот и стабилноста на Косово е важен успехот на престојните избори, особено во северно Косово, оцени денеска генералниот секретар на Обединетите нации  Бан Ки-мун во редовниот извештај.

Во извештајот се наведува дека ситацијата во Косово е мирна, со повремени етнички инциденти, при што двете страни покажуваат зголемена посветеност во спречувањето на тензиите на теренот, со цел да  овозможат дијалогот меѓу Блеград и Приштина и имплементацијата на договореното да одат понатаму.

Бан нагласи дека продолжува имплементацијата на Бриселскиот договор, но и предупредува дека иако раководството на Србија го поддржува учеството на косовските Срби на локалните избори, се уште постои силна кампања во северно Косово против излегување на изборите.

Генералниот секретар  ги пофали Белград и Приштина поради нивното континуирано залагање во дијалогот, кој се води под покровителство на ЕУ.

Тој истакна дека лидерите на Србија и Косово на бројните предизвици, кои се појавила во тој процес одговориле со „визија и истрајност“.

 

29.10.2013 - 12:00

најчитано сега