ФОТО: Еве зошто овој актер е херој и во вистинскиот живот!

Американскиот актер Марк Хармон, познат по улогата на Лирој Џетро Гибс во серијата НЦИС е херој не само на екраните туки и во реалноста, бидејќи се жртвувал себе за да спаси човек од автомобил кој горел.

- Својот живот му го должам нему, бидејќи без негова помош денес немаше да бидам жив, изјави Колин Спехт, кого Хармон го извлекол од автомобил, кој горел.

До несреќата дошло откако 16-годишниот Спехт по пребрзото возење, излетал од патот и останал заробен во автомобилот, кој почнал да гори, а токму актерот кој се нашол во близина го скршил стаклото и го извлекол надвор, ставајќи се себе си во опасност.

Хармон никогаш не сакал јавно да говори за својот херојски потфат.

29.10.2013 - 11:40

најчитано сега