Откриена мистеријата за девојката која цел месец стоеше и молчеше на плоштад во Босна

Конечно е откриена мистеријата за девојката која цел месец само стоеше и молчеше на плоштад во БиХ. 29-годишната Јелена Топиќ, како што дознава српскиот Телеграф, секојдневно во текот на еден месец во период од 10 до 13 часот стоела и молчела на плоштадот во Приједор во Босна и Херцеговина поради проект за својот најнов филм.

Оваа девојка е  апсолвент на Академијата за уметности во Бања Лука, отсек филмска и ТВ режија, па се претпоставува дека целта на нејзиниот едномесечен протест е собирање на материјал за да го сними дипломскиот филм. Таа најверојатно на себе имала микрофонче за да ги снима реакците на случајните минувачи.

Таа очигледно го собрала потребниот материјал за својот нов филм, а вниманието сигурно ќе го привлече кога истиот ќе го здогледа светлото на денот, пишува српски Телеграф.

29.10.2013 - 11:29