Порибување со пастрмка на Радика и Мавровско езеро

 

Вработени во Националниот парк „Маврово“ утре ќе извршат порибување на реката Радика и на Мавровското езеро.

Ќе бидат пуштени 100 килограми или околу 15.000 парчиња  подмладок поточна пастрмка, која е набавена од репро центарот „Шум“ од Струга.

На порибувањето ќе му претходи симболично предавање на запленети риболовни мрежи од криволовци што биле одземени од ренџерите во паркот во период на една риболовна сезона. 

29.10.2013 - 11:03
Фото: 
А1.он

најчитано сега