„Катимерини“: Грција го заостри ставот за името

Грчкиот весник Катимерини пишува дека Грција го заостри својот став за опсегот на употреба на компромисното сложено име за Скопје, јави дописникот на МИА од Атина. 

- „Во ваква атмосфера медијаторот Метју Нимиц го продолжува своето посредување во чии рамки минатата недела се сретна со претставниците на двете страни. Новата рунда преговори беше со цел да се одржи чувството на динамика, но не и да се даде нов предлог за името“, коментира „Катимерини“ и потсетува на посетата на Нимиц во септември во Скопје и Атина.

Атина го одби последниот предлог за името „Горна Република Македонија“ со аргумент дека географската одредница не може да биде пред „Република“, затоа што тоа се однесува на државното уредување, а не на земјата. Според „Катимерини“, овој аргумент има поддршка во Обединетите нации и во меѓународната заедница.  - Македонија е голема територија поделена пред 100 години. Дел од Македонија се наоѓа во Грција. Поради тоа, мора да има одредница за да се разјасни дека има разлика, ја повторува „Катимерини“, изјавата на Нимиц.

„Друго трнливо прашање е опсегот на употреба. Атина инсистира на тоа името што ќе се договори да се применува секаде: и меѓународно и внатрешно, став со кој пјРМ не се согласува. Во ОН истакнуваат дека заострувањето на грчкиот став и упорноста на Самарас за целосно имплементирање на ерга омнес не помагаат во напорите за посредување, иако признаваат дека во овој момент грчката позиција се базира на логиката и практичноста на секое решение“, наведува весникот.

 

29.10.2013 - 10:52
Фото: 
А1.он

најчитано сега