Верувале или не - кловн преживеал два удари од гром во исти ден

Родео кловн од Тексас верувале или не преживеал два удари од гром, пренесува Скај њуз.

31- годишниот Кејси Вагнер учествувал во трките во Санкт Џо, наеднаш почнало да има силно невреме, тој се засолнил под едно дрво каде го погодил првиот гром.

„Помнам еден силен звук, а потоа ударот ме фрли на колена. Тогаш повторно ме погоди громот. Ги видов само двете молњи, а потоа имаше искри насекаде“, изјавил Вагнер.

Кејси смета дека во живот го одржувала вербата кон Бога.

 

29.10.2013 - 10:05

најчитано сега