Уапсени двајца скопјани фатени со дрога

Во две одделни акции полициските службеници привеле двајца скопјани, кои поседувале марихуана, информира МВР.

На 04.10.2020 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Нерези го лишиле од слобода С.С.(26) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и  метална дробилка.

Исто така вчера во 13.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на локалниот пат за с.Ајватовци, го лишиле од слобода Т.К.(35) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.10.2020 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега