„Постојано ги мие рацете, единствена слабост му се бургерите“ – се огласи поранешната сопруга на Трамп
„Ова е многу тешко време, стресно е“ – изјавила 71-годишната Ивана, поранешна сопруга на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Поранешната сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп, изјавила дека е загрижена за неговата здравствена состојба, по веста дека Трамп е заразен со Ковид-19 и хоспитализиран.
Таа исто така изјавила дека со нивните деца – Доналд помладиот, Иванка и Ерик, се слуша во врска со новите информации за здравјето на американскиот претседател.
„Ова е многу тешко време, стресно е“ – изјавила 71-годишната Ивана за магазинот „People“.
Таа исто така додала дека била шокирана со тоа што на нејзиниот поранешен сопруг му бил дијагностициран Ковид-19, затоа што како што навела, Трамп имал страв од тоа и постојано се грижел за својата лична хигиена.
„Не е баш најздрав кога станува збор за храната, но вообичаено е. Редовно ги мие рацете и секогаш е внимателен. Неговата најголема слабост е храната, обожува биг мек бургери“ – навела поранешната сопруга на американскиот претседател.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа