Лидерот на СДСМ на средба со Ричард Ховит

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе оствари средба со известувачот на Европскиот парламент за Р.Македонија, Ричард Ховит.

Средбата ќе се одржи во седиштето на СДСМ на Бихаќка.

Инаку, ова е втор ден од посетата на Ричард Ховит кој од вчера престојува во тридневна посета на Македонија, по објавувањето на Извештајот на напредокот на земјава.

29.10.2013 - 09:31

најчитано сега