Голема полициска акција во Костарика - запленети 1,2 милиони тони кокаин

 

Во Костарика беше спроведена голема полициска акција на специјалните сили за борба против шверцот со наркотици. Властите запленија над 1,2 милиони тони кокаин, пренесува ДПА.

Големата пратка кокаин е откриена на глисер во близина на карипскиот брег, недалеку од провинцијата Лимон.

Шверцерите, кои ја пренесувале стоката, успеале да избегаат.

Од почетокот на годината во Костарика се конфискувани над 16 тони кокаин, наменети за САД.

29.10.2013 - 09:18