Ховит: На Македонија и е потребно во декември да добие датум за преговори за влез во ЕУ

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Ричард Ховит, од вчера престојува во тридневна посета на Македонија.Тој во земјава доаѓа по објавувањето на Извештајот на Европската комисија, во кој беше дадена нова препорака за старт на преговорите со Европската унија. 

На вчерашната седница на Националниот совет за евроинтеграции, Ховит истакна дека на Македонија и е потребно во декември да добие датум за старт на пристапните преговори со ЕУ и дека статус-кво позицијата воопшто не е добра.

- Коментарите коишто ги давам во Брисел јасно покажуваат дека оваа земја не може да остане во статус кво позиција. Не е во ред да се верува дека се одбиваат аспирациите за членство на оваа земја година по година, а секако има влијание врз напредокот.  Со ова сакам да продискутирам за  тоа колкаво е влијанието на ваквите одбивања затоа што тоа може да биде една од одлучувачките аргументи во Брисел. Тоа ме води до моето последно прашање како да го урамнотежиме ова прашање пред Советот за министри. Верувам дека Европскиот парламент ќе се искоординира со Европската комисија околу препораката. Исходот од процесот ќе биде добар, но мислам дека тоа нема да го добиеме од Европскиот совет. Ставот на ЕК, на ЕП, како и мојот став е дека копенхашките критериуми се доволно исполнети. И фер е да се каже дека дел од земјите членки на ЕУ не се согласуваат со ова. Значи не се работи само за вашите соседи, туку тоа се повеќе земји членки на ЕУ. За тоа треба да дискутираме пред декември - што да направиме за да ги убедиме тие земји членки кои не се убедени дека Копенхашките критериуми се доволно исполнети, рече Ховит.

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија се осврна и на слободата на медиумите и истакна дека одблиску ги следи дискусиите за Нацрт-законот за медиуми, а тука е и случајот со Кежаровски.

Исто така, Ховие синоќа се осврна и на  договорот со Руската Федерација за гасоводот и колку е тој компактибилен со целите на Македонија, како и за настаните од 24 демекври и напредокот во борбата против корупцијата.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими од своја страна истакна дека реформите без решавањето на спорот за името или пак решавањето на спорот за името без реформите не се доволни за интегрирањето во ЕУ. 

-Овој механизам е битен, но не е доволен и не е замена за вистинските преговори. Тоа за што Македонија има потреба сега се почетокот на преговорите, односно вистински преговори како што забележува Извештајот во неговата препорака. Тоа ќе придонесе уште повеќе за внатрешните реформи како во интензитет така и во квалитет, а ќе придонесе и за решавање на споровите како тој со Грција и за унапредување на добрососедските односи. Датумот за преговори за нас е можност и одговорност плус да докажеме со сите аргументи дека Македонија не само што сака, туку работи и е подготвена да почне со следанта фаза со пристапување кон ЕУ, подвлече Бесими.

 

29.10.2013 - 08:42
Фото: 
економски.мк

најчитано сега