Сарачини на работни средби во Хрватска

Министерот за економија Ваљон Сарачини кој е во посета на Република Хрватска, денеска во Славонски Брод и Осиек,  ќе има работни средби во компаниите „Ѓуро Ѓаковиќ Холдинг“ и „Сапонија Осиек“.

Предвидено е министерот Сарачини да оствари средби и со  претставници на други компании од Осиек и Славонски Брод, како и со градоначалникот на Осиек, Иван Вркиќ, информираат од министерството за економија.

29.10.2013 - 08:16

најчитано сега