ВИДЕО: Први снимки од местото на падот на воениот авион во Србија - еден пилот загина, по другиот се трага
Во околината на Лозница, во атарот на селото Брасина, утринава во околу 09:10 часот се срушил МИГ 21 на војската на Србија.
На местото на несреќата мештаните фотографирале остатоци од авионот и според првичните информации, еден пилот загинал, а по другиот, кој се капитулирал, се уште се трага.
Станува збор за авион стар дури 34 години. Потрагата по другиот пилот и увидов се во тек. Министерството по овој повод и официјално се огласило соопштувајќи дека авионот бил прегледан утрово во склад со сите процедури и дека после прегледот било констатирано дека е исправен и подготвен за лет.
На местото на падот се наоѓаат министерот за одбрана Александар Вулин, началникот на генералштабот генерал Милан Мојсиловиќ и командантот на военото воздухопловство и ПВО генерал-мајот Душко Жарковиќ.
Како што дознава Курир.рс повреден е и мештанин во чиј двор паднал авионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа