Група насилници со нож раниле млад охриѓанец

 

Група охриѓани си заработија кривична пријава поради нанесување тешка телесна повреда.

Се работи за 22-годишниот  А.А. од Охрид 23-годишниот Н.Б.  22-годишниот Д.Н. 20-годишниот Ѓ.Б.  и 25-годишниот А.Л.кои завчера ги нападнале со нож  М.Р.  и С.С. од Охрид.

Настанот се случил завчера околу 3 часот на пешачката патека помеѓу плажите „Кадмо“ и „Куба Либре“ во Охрид.  Претходно, во ноќниот клуб „Кадмо“  пријавените започнале расправија со други две лица по што од обезбедувањето  биле отстранети од клубот. При повторна средба помеѓу плажите, расправијата прераснала во тепачка во која пријавените физички ги нападнале двете лица од Охрид додека А.А. го употребил ножот. Потоа, тој избегал од местото на настанот.