Пентагон укинува работни места
Вооружените сили на САД, кои вработуваат околу 780.000 цивили, во наредните пет години ќе го намалат бројот на цивилни работни места за пет до шест проценти, соопшти американскиот потсекретар за одбрана Ештон Картер.
- Планираното намалување на бројот на цивилни лица во составот на американските Вооружени сили, е во сооднос со цифрата на намалени воени лица, нагласи Картер.