Во Австралија откриен „изгубен свет“
Експедицијата која е спроведена во Австралија, откри три нови видови на безрбетници кои биле изолирани милиони години, а научниците овој регион го нарекоа „изгубениот свет“. Конрад Хоскин од Универзитетот Џејмс Кук и тим на магазинот „National Geographic“ со помош на хеликоптер се спуштија на планинскиот венец Кејп Мелвил на почетокот годинава и по спуштањето биле изненадени од она што таму го пронајдоа. Тимот откри геко, гуштери со златна боја и необична жаба, три видови кои досега не биле откриени.
„Пронаоѓањето на овие нови видови може да се нарече откривање кое се случува само еднаш во животот. И понатаму сум шокиран од тоа што го откривме. Ова е нешто неверојатно, а нивното прнаоѓање во земја во која мислевме дека сме ја истражиле целосно е просто фантастично“, изјавил Хоскин.
Во план е тие повторно да се вратат на истото место со цел во наредните неколку месеци да откријат уште некои од досега неоткриените видови, вклучувајќи полжави, змии, и дриги видови на животни.
„Сите животни кои ги откривме се просто неверојатни, само поради тоа што биле способни да издржат милион години на истата локација без да изумрат“, заклучил Хоскин.