Србите нема да гласаат ако на избирачките ливчиња останат симболите на Косово

Крстимир Пантиќ еден од кандидатите за градоначалник на Косовска Митровица најави дека до крајот на неделава очекува меѓународната заедница заедно со Брисел да направат притисок врз Приштина со цел да бидат отстранети симболите од изборните материјали кои што го дефинираат Косово како Република. 
Доколку на ливчињата останат симболите на државата Косово, во тој случај Србите нема да гласаат. Тој уште посочил дека Владата треба да ја преиспита и одлуката, според која ги повика Србите во Косово да гласаат на локалните избори.
28.10.2013 - 16:26