ФОТО: Пукна болничкиот кревет пред операциониот зафат

Операциониот стол на ОРЛ клиниката во НИШ се скрши пред самиот почеток на операцијата во една функционална сала. Ова на својот твитер налог го објавил Душан Милисављевиќ. „Сега ни пукна креветот наменет за операција. Од три операциони сали, салата 1 едвај работи, а пред три годнини имавме три сали. Што доколку наиде итен случај“, напишал лекарот на оваа клиника и претседател на општинскиот Одбор за здравје и семејство во републичкиот парламент.

Тој напишал дека две операциони сали поради оштетените апарати за анестезија не работат, а сега и овој нов проблем со креветот само ги отежнало и онака тешките услови за работа, вели Милисављевиќ. Проблемот е решен така што апаратот за анестезија е префрлен во друга операциона сала каде тој апарат не работи, но креветот е исправен. Вакви проблеми постојат и во другите градови низ Србија, нагласувајќи дека одговорноста за нефункционалноста на здраството лежи во самите директори на здраствените установи кои поради страв од отказ и смена се плашат да побараат решавање на проблемите од Министерството за здравство. 

 

28.10.2013 - 16:03

најчитано сега