Силен циклон му се заканува на рускиот град Санкт Петербург

Циклонот кој се приближува кон рускиот град Санкт Петрбург е со сила која може да предизвика големи поплави и штети со енормни размери. Експертите предупредуваат дека стихијата ќе биде најопасна утре, кога се очекуваат ветрови со брзина од 15 до 20 метри во секунда, а во одделни области и од 20 до 40 метри во секунда. 

Метеоролозите нагласуваат дека состојбата во градот и во целата Ленинградска област ќе се нормализира на 30 октомври.

 

28.10.2013 - 15:32

најчитано сега