Папата има 10 милиони следбеници на Твитер

Папата Фрањо се пофали дека неговиот „Твитер“ профил бил следен од повеќе од 10 милиони лица. 
„Драги твитерџии, слушнав дека ве има повеќе од 10 милиони. Ви се заблагодарувам од се’ срце и барам од вас да продолжите да се молите за мене“, напишал папата на „Твитер“. 

Претходникот на папата Франциско, Бенедикт 16-ти го отворил овој „твитер“ профил на 12-ти декември, а интересот за твитовите за папата драстично се зголеми по изборот на Аргентинецот Франциско за нов папа во март оваа година.

28.10.2013 - 15:13

најчитано сега