Пекинг и цела северна Кина прекриени со смог
Поголемиот дел од северна Кина вклучувајќи го и главниот град Пекинг, се прекриени со смог. Тамошната државна метеоролошка станица изјави дека ваквата состојба ќе се задржи и во наредните три дена.
Во загрозените региони објавен е жолт аларм бидејќи концентрацијата во воздухот само во Пекинг денеска изнесува 342 мигрограмови честички на кубен метар.
На жителите на Пекинг им се советува да останат во своите домови.
28.10.2013 - 14:18