Ристовски: Граѓаните не сакаат сексуално образование во училиштата

Иницијативата на НВО ХЕРА за воведување на сексуално сеопфатно образование во образовниот процес нема поддршка од граѓаните, оцени денеска ресорниот министер Спиро Ристовски.

Тоа, според него, се покажува со собирањето на само 2.801 потпис на иницијативата на ХЕРА за зголемување на степенот на сексуално образование во училиштата што, како што вели, е само еден отсто од вкупниот број на родители и ученици.

- Граѓаните не прифаќаат да се учи по дополнителен учебник кој што си го изготвила извесна невладина организација во услови кога постои веќе изработен Прирачник за животни вештини од страна на МОН во соработка со УНИЦЕФ, во кој се содржани  доволно елементи кои се однесуваат на сексуалното образование на младите, процесот на репродукција и создавањето на семјество, рече Ристовски во одговор на новинарско прашање по поптишувањето Меморандум за соработка со Ешриџ Бизнис Школата од Велика Британија.

Нагласи дека делумно нечесно  било што на листот на којшто се потпишувала иницијативата имало и втора точка - да се употреби нечив учебник за сексуално образование, што само по себе ќе придонесело иницијативата да биде неуспешна и доколку ја поптишеле поголем број на граѓани.

- МОН под ниту еден притисок, ниту волја и желба или, пак, било каков проект финасиран од било кого нема да дозволи насила вметнување на определен учебник во рамки на образовниот процес, рече Ристовски.

Тој додаде дека учебниците и додатните материјали кои се употребуваат во образовниот процес мора да бидат спроведени по законска процедура и со одобрение за употреба од Бирото развој на образованието и МОН. Прецизира дека нема издадено дозвола за употреба на учебникот на ХЕРА и оти не е точно дека како министер го забранил учебникот и иницијативата на невладината организација

28.10.2013 - 13:24

најчитано сега