Зоран Заев го „прегази“ Бранко Црвенковски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по само неколку месеци откако влезе во претседателската канцеларија на Бихаќка значително го зголеми звојот рејтинг. Опозицискиот лидер практично го прегази вечниот шеф на СДСМ, Бранко Црвенковски. Според последната анкета на ИПИС, Заев има 7,2% рејтинг меѓу анкетираните, наспроти Бранко Црвенковски во кој веруваат 1,9% од анкетираните.
Низок рејтинг има и Радмила Шеќеринска за која се изјасниле само 1,7% од анкетираните.
Под 1 процент е рејтингот на лидерот на ЛДП и градоначлник на Центар, Андреј Жерновски во кого веруваат 0,6% што е помалку од лидерот на Гром, Стевчо Јакимовски во кого доверба имаат 1% од анкетираните. Во македонскиот политчки блок, убедливо води лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски кој има двојно повеќе рејтинг од сите опозиционери заедно.
Анкетата на Институтот за политчки истражувања - Скопје покажува дека во Груевски веруваат над 24% од анкетираните.
Во албанскиот политички блок води Ахмети со 6,9% рејтинг, пред Мендух Тачи во кого веруваат 3,(% и Руфи Османи кој има доверба кај 1,3% од анкетираните.
Зголемен е процентот на граѓаните кои не веруваат во ниту еден политчар, и изнесува 26%, додека без одговор се 22,6% од анкетираните.

28.10.2013 - 13:13

најчитано сега