Малолетник избодел со нож рекетари кои подолг период го малтретирале во школскиот двор

Шеснаесет годишниот Кристијан В. од Нови Сад кој во ноември минатата година избодел две лица постари од него, денеска е осуден на условна казна од шест месеци до две години пред кривичниот суд. Семејсвото на малолетното лице најавува жалба затоа што смета дека пресудата требала да биде ослободителна. Имено Кристијан двете момчиња кои ги избодел со нож и им нанел убодни рани во стомакот и градите, претходно месеци наназад бил постојано малтретиран и тепан од двете лица во школскиот двор. 

„Делумно сме задоволни од пресудата но ќе ја обжалиме“ изјавила мајката на Кристијан Катарина Вуковиќ. 

Кристијан по шест месеци ќе биде целосно ослободен а максималната казна изнесува две години. 

 

 

28.10.2013 - 12:55

најчитано сега