Туршија од црвен кромид на италијански начин: Деликатес во кој ќе уживате на зима
Покрај тоа што има совршено крцкав и киселкав вкус, и естетски изгледа многу впечатливо, па кога ќе ја послужите – тоа ќе биде празник за сите сетила
Состојки:
1,5 кг ситен црвен кромид
219% алкохолен оцет
1 л вода
4 лимона
3 лажици шеќер
4 лажици сол
2 кесички бибер во зрно
Приготвување:
1. Во поголем лонец ставете лушпи од исчистен кромид, прелејте ги со половина од оцетот, додајте сол и поклопете го, па оставете го да отстои еден ден.
2. Следниот ден, заедно со течноста во која отстојал, ставете го кромидот да се вари 3-4 минути од моментот кога ќе зоврие.
3. Тргнете го од рингла и оставете го да се олади.
4. За тоа време, измешајте го преостанатиот оцет со вода, сок од лимон и шеќер, па проварете го сето тоа кратко, а потоа оладете го.
5. Оладениот кромид редете го во теглички, додајте бибер и прелејте со разблажен оцет.
6. Затворете ги теглите и ставете ги на ладно место.
Уживајте!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа