Се заљубила во чудовиште - Го сакала, а потоа на „гугл“ открила дека е сексуален престапник

Го запознала и помислика дека ја пронашла љубова на нејзиниот жиовот. Тој бил забавен шармантен, го засакале дури и нејзините пријатели. Планирала да го мине животот заедно со него. Но по година дена излегување, Холи Торогод ја откирла страшната вистина за нејзиното момче Мартин Хејз. 

„Тој беше драг и влизок без никакви мани“, изјавила Хејз незнаејќи дека истиот тој крие страшна мрачна тајна. Мартин всушност бил осудуван сексуален престапник кој бил осуден на шест години затвор во 2006 година, поради обид да силува старица во нејзиниот дом. Бил три пати затворен поради користење на лажно име.  Целиот проблем настанал кога неговата сестра ја додала Холи за пријател на Фејсбук. Тие имале различно презиме па кога Холи го прашувала за тоа тој и одговорил дека имале различни татковци. 

„Секогаш кога ќе го прашав за неговото минато, тој го вртеше погледот и не сакаше да зборува за тоа“, вели Холи.

Тогаш таа се решила да истражи за што станува збор, но ништо не можела да ја подготви за тоа што го открила. Имено кога го напишала неговото име на гугл, првата работа која ја забележала била предупредувањето дека лицето го бара полиција. Таа дознала дека мажот со кого излегувала всушност е сексуален престапник. 

„Не сакав да верувам. Човекот кого го сакав испадна дека е чудовиште. Мака  ми е од помислата дека бев интимна со него. Тоа не беше авантура. Планирав да го поминам остатокот од животот со него“, изјавила Холи која веднаш повикала полиција откако ја открила страшната вистина за нејзиното момче. 

 

 

28.10.2013 - 12:25