ВИДЕО: Страшното невреме во Британија остави 40.000 домаќинства без струја

Според британските медиуми олујата која се појави во Велика Британија остави 40.000 домаќинства без елеткрична енергија на југот и западот од земјата. Во раните утрински часови делови од Велика Британија, беа погодени од силно невреме проследено со урагански ветрови и поројни дождови. Земјата се соочи со една од најголемите бури во последните децении во ова подрачје. Вертрот достигна брзина од неверојатни 130 километри на час.Падне дожд од 40 милиметри. Стручните лица предупредуваат на опасност од поплави, излевање на реки, канали во некои делови од Велс и Англија. Оштетени се згради, има искорнати дрвја и пореметување во сообраќајот. Голем дел од популацијата остана без електрична струја. 

Најголемиот лондонски и британски аеродром Хитроу, синоќа најави дека ќе има пореметување во редот на летањето,поради редуцирањето на полетувањето и слетувањето во Лондон,како последица на силните ветрови. Неколку железнички компании најавија дека ќе има измени во возниот ред кај утринските возови,додека компанијата „Евростар“ соопшти дека ќе откаже некои од утринските возови,што во тоа време тргнуваат од Лондон кон Париз и Брисел.

Силната бура што е создадена над Атлантикот,а британските острови ќе ги погоди движејќи се од југозапад кон североистокот,главнината на ударот треба да ја има врз реони на Велс,Лондон,источен и западен Мидлендс,како и југозападот и целиот источен дел од Англија. 

 

 

28.10.2013 - 12:13

најчитано сега