НСА престана да ја шпионира Меркел - Германците бараат извинување од Обама

Американската Национална безбедносна агенција НСА престана да ја шпионира германската канцеларка Ангела Меркел и втората светска лидерка, откако за ваквото дело дозна Белата Куќа. Според американските медиуми, претседателот на САД Барак Обама дознал за незаконското користење на електронските комуникации на светските лидери во средината на 2013 кога му бил доставен интерен извештај за целата работа. Во извештајот имало информации за прислушкувањето на НСА на околу 35 светски претседатели и шефови на влади. Според Волстрит Журнал, Белата Куќа прислушкувала неколку лидери вклучително и Меркел, но откако се разоткри целата работа, целата операција е прекината.

Германците сакаат извнување од Обама

Голем број на Германци, речиси повеќе од три четвртини, бараат американскиот претседател Барак Обама да се извини на канцеларката Меркел поради шпиумирањето на нејзиниот мобилен. Дури 76% ог Германците очеквуаат ваков потег од Шефот на Белата Куќа.

16% сметаат дека тоа не е потребни, а од нив 60% сметаат дека ваквата афера ќе нанесе голема штета на американско-германските односи. 

Без оглед на шпионажата повеќе од половија Германци 53% сметаат дека Америка им е добар сојузник, а 39% мислат дека Германците не им се толку добри пријатели. 

 

 

28.10.2013 - 12:01

најчитано сега