Кој е највалканиот предмет кој секојдневно го допирате со раце - на себе има околу 11.000 бактерии
Слушалките речиси секојдневно ги користите. Било да е тоа на работа, во превоз или пак навечер пред спиење. А, дали знаете дека тие се еден од највалканите предмети?
Интересна е информацијата дека во вашите слушалки живеат околу 2708 пати повеќе бактерии откотлку на просечната даска за сечење, повеќе од мијалникот и 330 пати повеќе од кујнската површина.

Најголемиот проблем е тоа што често се во вашите раце, ги оставате каде и да стигнете, а исто така на нив се собира и ушен восок и поради тоа се собираат бактерии и прашина на нив.
Многу е важно да ги чистите барем еднаш неделено и да не ги споделувате со други луѓе.
Не ви се потребни посебни препарати за да ги исчистите, доволно е малку млака вода и стапче за чистење уши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа