Како Кејт Мидлтон на фотографиите секогаш изгледа беспрекорно - експерт за кралскиот протокол ја откри нејзината тајна

 

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, често е во ситуации во кои е фотографирана од сите страни, но никогаш не делува неспретно и чудно, нејзините пози и движења се промислени до најмалиот детаљ. Таа во ниту еден момент не ги заборава клучните совети за однесување пред камерите и фотоапаратите.

Мика Мејер, експерт за протоколи и однесување во јавност, објаснила зошто е тоа така и дека всушност Кејт сето тоа свесно го прави.

Кејт секогаш има мала ташна, тој начин на носење го нарекуваме Кембриџ. Важно е да ја држи со двете раце, а притоа прстите се надолу. Оваа поза е одлична и кога не знаете што да правите со рацете, а особено кога сте нервозни“, открива Мајер.

Војвотката често стои пред камерите и самиот факт дека е дел од кралското семејство има низа правила кои се разработени до најмалиот детаљ, па дури и начинот на кој стои.

Иако многу дами малата ташничка ја ставаат под рамото, Мајерс вечи дека тоа не е пожелно.

Оваа поза ја практикува Кејт кога оди, кога стои или кога зборува со некого. Клучно е чантата да ја држите со двете раце, не само со една“, открива Мејер за Дејли мејл.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2020 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега