Почина првиот премиер на Полска по падот на комунизномот
На денешен ден почина Тадеуш Мазовјецки, првиот премиер на Полска по падот на комунизмот и првиот некомунистички премиер во Источна Европа.
Тој беше познат полски автор, демохристијански политичар, филантроп и еден од поранешниет лидери на движењето Солидарност. Мазовјецки почина на 86-годишна возраст во Варшава.
Тој е еден од иницијаторите на Тркалезната маса, преговори преку кои комунистичката власт и опозицијата ја подготвија Полска за мирен преод кон демократија.
Функцијата премиер на Полска ја извршуваше од 24 август 1989 до 12 јануари 1991 година. Тој е првиот некомунистички премиер во Централна и Источна Европа по Втората светска војна.
28.10.2013 - 11:02