Овој лик го сонувале илјадници луѓе

Лицето на овој човек се појавил во илјадници соништа, а се зпочнало во јануари 2006 година кога една жена на својот психијатар му го опишало лицето и му пренела дека веќе неколку ноќи по ред го сонува истиот човек. Психијатарот се зафатил да ја истражи темата откако уште еден негов пациент го видел портретот на неговото биро велејќи дека и тој имал неколку ноќи по ред сништа во кои го забележал истиот човек. Откако запрашал и неколку негови колеги, докторот се уверил дека над 2000 лица го сонувале овој човек иако никој од нив не го познава. 

„Прв пат кога го сонував овој човек работата ми одеше многу лошо. Сонував дека сум изгубен во голем шопинг центар. Пдеднаш се појави тој и се обидов да му побегнам. Ме прогонуваше со часови се додека не ме фати во еден ќош. Во тој момент се насмевна, ми ја зеде раката и ми покажа како да излезам од центарот. Тогаш се разбудив. Од тогаш ми се појавува често во соновите, помагајќи ми да излезам од нив“, вели еден од пациентите.

Сништата имале различни верзии. Некои го сонувале како лета крај нив. Други како ги теши додека плачат или ги води на вечера а потоа води љубов со нив. 

Од големиот број теории за ова, најмногу се верува дека станува збор за корпорација која си поигрува со човековиот мозок. Имено многумина се сомневаат дека зад целата оваа работа стои Андреа Натела, социолог и експерт за маркетинг во компанија која е специјализирана за субверзни манипулации и веќе со години создава уметнички проекти и рекламни кампањи кои си поигруваат со човековиот мозок.

 

 

28.10.2013 - 10:46