Пекинг: Автомобил влетал во маса народ и усмртил тројца

Тројца мртви и голем број на повредени е билансот од несреќниот настан на Плоштадот Тјенаман во Пекинг, кога автомобил удри во поголема група на пешаци а веднаш потоа и се запали. Од службите велат дека возилото изгубило контрола и од улицата излетало на плоштадот при што ги урнало бариерите повредувајќи голем број на туристи. Меѓу повредените ималио и полицајци. Тројца кои се наоѓале во возилото починале на лице место. Ситуацијата била хаотична велат сведоците кои говорат дека виделе противпожарно возило кое се упатува кон центарот на плоштадот, додека од таму се издигал густ чад. 

Несреќата се случила во близина на главниот влез во Забранетиот град, каде се наоѓа џиновски портрет на Мао Це Тунг. Еден турист изјави дека пред избувнување на пожарот слушнал експлозија. 

Полицијата веднаш го евакуирала плоштадот, популарна туристичка атракција, позната по крвавото задушување на продемократските демонстрации во 1989 година.

Тјенамен секогаш се наоѓа под засилено обезбедување поради близината на комплексот Џонгнанхај, каде е сместено централното раководство и Парламентот. 

28.10.2013 - 10:31

најчитано сега