Силен земјотрес удри во Јапонија

Јапонските граѓани во источниот брег на земјата, беа погодени од силен земјотрес со јачина од 5,5 степени по рихтеровата скала. Според надлежните потресот се случил на длабочина од 26 киломтери, на 324 километри источно од градот Намијеа. 

Засега нема предупредување за појава на цунами. 

Земјотрес со јачина од 7,1 степен по рихтеровата скала пред два дена беше регистриран во источниот брег. истиот беше причина за појава на цунами, во кој на едно место е измерена висина на брановите од 55 сантиметри.

Работниците беа евакуирани од нуклеарката „Фукушима“, но немаше информации за штети.

Јапонија во март 2011 година ја погоди катастрофален земјотрес и цунами во кои животот го загубија над 18.000 луѓе, а нуклеарката ја претрпе најлошата хаварија во светот во последните 25 години

28.10.2013 - 10:20

најчитано сега