Социалдемократите остварија пирова победа во Чешка

Лидерот на Чешката социјалдемократска партија Бохуслав Соботка беше повикан од страна на претседателстовото на неговата парија да си поднесе оставка по остварената минимална победа со 50 мандати на вчерашните вонредни избори. Неговите сопартијци биле незадоволни од бројот на освоени мандати кои биле недоволни за составување на Новата Влада.  

- Не сакам партијата да ја изгуби автономијата и да биде под влијание на СПОЗ (Партијата чиј почесен лидер е претседателот на државата Милош Земан) изјави Соботка одбивајќи да си оди од чело на партијата, со образложение дека ЧССД освојувајќи 20,45 проценти, сепак победи на изборите.

Соботка е најсериозниот кандидат за премиер на Чешка но сепак тој треба да обезбеди солидна коалициа со над 101 пратенички глас. Истиот не може да биде сменет од неговите во партијата, па оттука од него беше побарано тој сам да с еповлече.

Политичката ситуација врие во Чешка, особено по серијата скандали со корупција и прислушување на премиерот Петр Нечас кој беше приморан да си поднесе оставка. Аналитичарите сметаат дека ваквата состојба нема да прекине ни по изборите. 

И покрај победата на најголемата левичарска партија ЧССД, проблемот е каква ќе бида шемата на коалицирање поради разноликоста на седумте партии кои влегоа во Парламентот. На второ место по освоени гласови е партијата АНО (Да) на милијардерот Андреј Бабиш, а на трето Комунистичката партија на Чешка и Моравија.

28.10.2013 - 10:10

најчитано сега