По Германција и Франција и Шпанија жртва на американската шпионажа

По скандалот со прислушувањето на германската канцеларка Англеа Меркер од страна на САД и излезените документи од страна на СНоуден за прислушување на високи функционери во Франција, се појави уште еден скандал за следење на телефонски разговори и во Шпанија. Шпанскиот печат врз база на податоците изнесени од СНоуден, дека во декември 2012 година, Националната безбедноста агенција во САД НСА собрала податоци од 60 милионски телефонски разговори изврешени во Шпанија.  

Шпанскиот премиер Маријано Рајоу пред три дена нареди на американскиот амбасадор да му се приложи протесно писмо, поради шпионажата на САД во Шпанија. Со цел да се избегнат во иднина вакви немили настани, германски разузнавачки функционери го посетија САД. Тие ќе се обидат да ја смират состојбата со цел да не се наруши довербата меѓу двете земји.

Засега не се откриени детали околу разговорот кој што го воделе Меркел и Обама, но Шпигел пренесува дека американскиот претседател го признал прислушувањето, се извини но дополнил дека тој не бил запознает со ваквата цел изведена од страна на американските агенти. 

Се очекуваат дополнителни објавувања од архивите што Сноуден ги украде од НСА и со кои пребега во Русија. Агенцијата Асошиејтед прес најави дека од дипломатите од неколку земји биле информирани дека САД им најавила дека Сноуден ќе открие непријатни информации за следење на нивните земји.

Британскиот весник Гардијан, каде Гринвалд работеше до неодамна, објави дека телефоните на 35 светски државници биле следени од страна на НСА и се очекува нивните имиња постепено да излегуваат во јавноста. Архивата на Сноуден откри информации и за масовно следење на телефонските разговори во рамките на САД, при што било забележувано кои телефони меѓусебно комуницираат, без притоа да се снимаат самите разговори, и овие податоци биле чувани во архивата на НСА

28.10.2013 - 09:59

најчитано сега