Најдобриот светски кечап „Heinz“ и „Mecdonald’s“ раскинаа по 40 годишна соработка
После 40 години соработка, најголемиот ланец на ресторани за брза храна „Mcdonald’s“ планира да го раскине договорот за соработка со производителот на кечап „Heinz“. Светските медиуми пренесуваат дека токму поранешниот генерален директор на „Burger King“, Бернардо Хес е причината за ваквиот прекин.
„Поради неодамнешните промени во раководството на „Heinz“ одлучивме дека во наредниот период ќе воспоставиме соработка со други добавувачи на кечап“, се наведува во соопштението на „McDonald`s“.
Најголемиот производител на кечап во светот „Heinz“ дистрибуира илјадници прехрамбени производи, а има фабрили на шест континенти. Ги има во речиси над 200 земји во светот. Засега од компанијата „Heinz“ сеуште не ја коментирала одлуката на „McDonald`s“.